Потпишан договор за нова израелска влада

Од:

Портпаролот на израелската партија Јеш атид (Има иднина) Хари Коен денеска соопшти дека е потпишан договор за формирање на нова 33 изрелска коалициска влада.

Тој истакна дека трите главни коалициски партнери го потпишаа договорот по една недела преговори.

Блокот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, составен од конзервативниот Ликуд, заедно со националистичката партија Израел бејтену (Израел е наш дом) и партијата од центарот Јеш Атид им се придужи Хабајт хајехуди (Еврејски дом) која ја поддржуваат еврејските доселеници.

Преговорите долго траеја бидејќи партиите не можеа да се договорат за поделба на министерските места, како и за новиот закон за регрутација за војска.

Во владејачката коалиција нема да има ултраортодоксни еврејски партии првпат за 10 години.

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски