Орбан: Унгарија да ја сочува антимигрантската политика

Од:

Унгарија треба да ја одржи својата антимиграциска политика затоа што „само Унгарци може да ги заменат Унгарците“, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој на седницата на Советот на унгарската дијаспора во Будимпешта изјави дека Унгарија е погодена од демографски пад и оти не треба да се има илузија дека проблемот може да се реши беа да се направат никакви напори.

Според него, унгарската Влада ќе продолжи да се бори против миграцијата затоа што тоа е светски феномен „што ќе остане“, со оглед на тоа што, како што рече Орбан „Африка штотуку започнала да се движи“.

Орбан додаде дека приврзаниците на миграцијата ги обвинуваат Унгарците дека имаат „срце од камен“, не сфаќајќи дека Унгарците всушност сакаат да помогнат.

– Помошта мора да биде доставена таму каде што настанал проблемот, а не да се донесе проблемот овде, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта