Новата сезона на Формула 1 започнува во недела, во седум часот со трката за големата награда на Австралија, која ќе се вози на патеката во Мелбурн.
Организаторите одлучија годинава да се возат 19, а не 20 трки поради откажаната стаза во Њу Џерси.
Постоеше можност во календарот да се врати трката за големата награда на Европа, за која конкурираа Португалија, Турција и Австрија, но договор не се постигна.
Возачот Луис Хамилтон (27) кој се натпреваруваше во тимот на Мекларен минатата година, од оваа година ќе настапи во болидот на Мерцедес, а со новиот тригодишен договор ќе заработи 74 милиони евра.
Два најголеми фаворити за освојувањето на титулата се Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.
Елена Георгиевска