Утринава стапи во сила договор за прекин на огнот меѓу Израел и „Исламски џихад“

Од:

Утринава во 5,30 часот по локално време во Појасот Газа стапи во сила договор за прекин на огнот меѓу Израел и „Исламски џихад“, јавија утринава француските медиуми.

Медиумите се повикуваат на египетски извори и извори од „Исламски џихад“.
-Договорот за прекин на огнот е резултат на напорите на Египет, а го подржаа палестинските фракции, вклучувајќи го и „Исламски џихад“, изјави неименуван египетски висок дипломат.

Извор од „Исламски џихад“ претходно потврди дека ноќеска бил постигнат договор.

Лидерот на „Исламски џихад“, Заид ал-Накалах, синоќа изјави дека оваа палестинска екстремистичка организација има желба да се согласи на прекин на огнот, но само доколку Израел прифати одредени услови.

Израелската војска пред два дена го уби командантот на оваа организација за северниот дел на Појасот Газа, напаѓајќи го од воздух неговиот дом во Газа Сити, што предизвика одмазднички ракетни напади, но и возвратни изрелски воздушни напади, во кои за два дена беа убиени 26 Палестинци, од кои 16 екстремисти.

Од вторникот досега врз Израел од Газа се истрелани над 360 ракети и минофрлачки проектили.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите