ВИДЕО: Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Од:

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за нов потпретседател на Собранието.

„Рамчиловиќ требаше да биде функционер на Груевски, но заврши како кадар на Заев“, рече пратеникот Антонио Милошоски во дебатата за изборот на потпретседaтел.

„Ова е политичка трговија. Рамчиловиќ беше подготвуван за функционер на Груевски, но се испазари кај Заев“, додаде тој.

И за пратеникот Влатко Ѓорчев не е прифатливо што пратеникот, како што рече, не е чесно кон граѓаните да биде избран пд една партија, а да се пазари за функција во друга.

На изнесеното од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, одговори пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

„Многу ми е драго кога го гледам ВМРО-ДПМНЕ да лее крокодилски солзи. Но, тоа е така затоа што сте толку отворени и демокрaтиски настроени. Ете се покажа на дело. Да бевте добри ќе остснеше со вас“, рече Мисовски.

Рамчиловиќ доаѓа на местото на Весел Мемеди кој даде оставка од функцијата и еден од 5-те потпретседатели на Собранието

Претходно, Рамчиловиќ, кој беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, преку писмен допис го извести собранискиот спикер Талат Џафери дека ја напушта пратеничката група.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги