Повеќе од 300 летови се откажани на германските аеродроми во Дизелдорф и Келн/Бон поради штрајк на вработените во службите за обезбедување, кои бараат поголеми плати.
Вкупно 250 вработени денеска започнаа еднодневен штрајк, поради што се откажани 228 летови од аеродромот во Дизелдорф и 78 летови на аеродромот Келн/Бон.
Синдикатот Фер.ди настојува за зголемување на платите за 30 проценти оваа година на припадниците на приватните агенции за обезбедување, како и на 2.000 лица од летечкиот безбедносен персонал и други 32.000 во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија. Работодавачите предлагаат зголемување од само девет проценти.
Синдикатот редовно организира штрајкови оваа година на аеродромите во Келн/Бон и Дизелдорф, како и во Хамбург, каде исто така се водат преговори за нов договор за платите.