Мега популарната актерка која целата јавност ја познава по многуте серии, како „Жикина Династија“, „Бољи живот“ и уште многу филмови и серии во петок на 15-ти ноември, гостува со хит комедијата „Чекајќи го министерот“ во Центарот за култура во Струмица.
Оваа хит комедија ги освојува срцата на сите во сите земји ширум светот.
Во неделата и понеделникот во Театар Комедија пред преполни сали, а Лидија во петок заедно со Милан Пајиќ и Семир Гичиќ ќе го чекаат министерот во Струмица.
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура, почеток 20 часот, билетите се по цена од 200 ден.