Виенската државна опера во април, мај, јуни и септември во живо ќе пренесува бројни претстави на плоштадот пред зградата на Операта и тоа бесплатно за сите Виенчани и нивните гости.
На плоштадот Херберт фон Карајан во главниот град на Австрија, веднаш покрај зградата на Операта на славниот виенски Ринг (улица во форма на прстен ) ќе се инсталира ЛЕД-Видеоскрин со големина од 50 квадратни метри.
Претставите ќе бидат титлувани, а 45 минути пред почетокот и за време на паузите ќе се прикажуваат информации за одредено дело, поставка или за Виенската државна опера.
Посетителите во вечерните часови ќе можат да уживаат во класиците Моцарт, Рихард Штраус, Вагнер, Пучини, Доницети, Верди и многу други.