Копјата повторно ќе се кршат за Заемот од Дојче банк

Од:

Пратениците денеска повторно ќе ги вкрстат копјата по предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Дојче Банка .

Има голем интерес за дебата за на оваа тема и пријавени, но од редовите на опозицијата. Вчера имаше многу кавги и обвинувања.

„До кога ова лудило на расипничко трошење“, праша опозицијата.

„Зошто Дојче банка не ни даде 250 милиони евра колку што баравме. До кога ова лудило со скапи огради и жални врби кои се сушат? Сите ни се смеат и чудат. И владата признава дека е економска криза, а троши неразумно“, обвини опозицијата.

За нив ова е невидено расипништво.

Дури и лидерот на Демократскиот сојуз, пратеникот од владеачкото мнозинство Павле Трајанов, побара реструктивно трошење за непродуктивни трошоци, особено во време на економска криза, посочувајќи ги спомениците.

Средствата од заемот од Дојче банка во износ од 75 милиони евра, според владата ќе бидат наменети за финансирање на буџетскиот дефицит во 2012-та година и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски