Владата ги повлекува предлог измените на Законот за јавни собири

Од:

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири.

Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавните собири и на денешната 164. седница одлучиле да ги повлечат предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација.

„Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот“, се вели во владиното соопштение.

Предлог-измените на Законот вклучуваа бројка од најмалку 50 граѓани наместо досегашните 20 за одржување јавен собир. Во предлогот стоеше и дополнителна регулатива според која јавен собир заради мирно изразување мислење или протест не може да се одржува до здравствени установи, до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив, на автопатишта, магистрални и регионални патишта, железнички пруги, на други места од витално значење за непречено одвивање на сообраќајот (тунели, премини на пат преку железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници), во седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, како и резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт, во седиштата на странски дипломатско-конзуларни преставништва и нивни резиденции.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски