Војната во Ирак САД ги чинела над два билиона долари, покажа истражување

Од:

Војната во Ирак САД ги чинела 1,7 билион долари плус дополнителни 490 милијарди долари плаќања што им ги должи на ветераните. Заедно со каматите трошоците во следните четири децении можат да надминат шест билиони долари, покажа истражување, цитирано од британските медиуми.

Војната го одзеде животот на најмалку 134.000 ирачки цивили и можеби придонесе за смртта на четири пати повеќе луѓе, соопшти проектот „Цена на војната“ на Институтот за меѓународни истражувања „Вотсон“, на универзитетот „Браун“.

Ако се додадат жртвите, пресметани од силите за безбедност, од бунтовници, новинари и хуманитарни работници, жртви на војната се меѓу 176.000 и 189.000 лица, се наведува во истражувањето.

Изготвениот извештај на околу 30 научници и експерти беше објавен пред десетата годишнина од американското навлегување во Ирак, на 19 март 2003 година.

Во документот се посочува дека САД од војната не заработиле речиси ништо, а Ирак е трауматизиран од неа. Таа им даде сили на радикалните исламистички борци од целиот регион, им попречи на правата на жените и го ослабна и без тоа лошиот здравствен систем, се забележува во извештајот.

Кампањата за обновата на Ирак во вредност од 212 милијарди долари во голем степен се покажа како неуспешна, затоа што поголем дел од парите се потрошени за безбедност или се прокоцкани заради измами, се потенцира во заклучокот на извештајот.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес