Македонските репрезентативци со своите екипи имаа променлив ефект во 11.коло од Евролигата. Перо Антиќ со Олимпијакос славеше победа над Монтепаски во Сиена со 68:67.
Антиќ за нецели 20 минути постигна 9 поени (три тројки) и имаше 4 скокови. За европскиот шампион ова беше седма победа во групата и ги зголеми шансите за пласман во четвртфиналето.
Тоа не може да се каже за Фенербахче и Лестер Бо Мекејлеб, кои го доживеаја и деветиот пораз. Турската екипа загуби од Каха Лаборал со 87:67.
Мекејлеб за 34 минути постигна 16 поени.
Резултати на синоќа одиграните натпревари од 11.коло: Ефес – Бросе Баскет 89:86 (продолжение)- Е група, Макаби – Химки 80:79, Монтепаски – Олимпијакос 67:68 и Каха Лаборал – Фенербахче 87:67 – Ф група.
Денеска на програмата се натпреварите: ЦСКА Москва – Жалгирис, Реал Мадрид – Уникаха, Панатинаикос – Алба (Е група) и Барселона – Бешикташ (Ф група).
Табела Е група: Реал Мадрид 9-1 (победи – порази), Ефес 9-2, ЦСКА Москва 7-3, Панатинаикос 6-4, Уникаха 5-5, Жалгирис 4-6, Алба 1-9, Бросе Баскет 0-11.
Табела Ф група: Барселона 9-1, Монтепаски 7-4, Олимпијакос 7-4, -Химки 6-5, Макаби 6-5, Каха Лаборал 6-5, Фенербахче 2-9, Бешикташ 0-10.