Бугарската фолк звезда пејачот Азис нема да може да му ја исполни желбата на пратеникот Амди Бајрам да пее на митингот во Шутка во рамките на изборната кампања на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.
Бајрам од поодамна планирал да го ангажира Азис за да направел спектакал и така да ги почести и жителите на неговата населба Шутка но и коалициските партнери и пред се премиерот Груевски на кој сакал да му покаже колку многу народ стои зад него.
Но според извори од менаџерскиот тим на бугарската звезда Амди касно се сетил да го ангажира и тој датум наводно 20 ти овој месец Азис веќе има закажано концерт.
Жал ни е Азис не ќе може да му ја исполни желбата на господинот Амди оти е зафатен но во друга прилика ако навреме се договори секако дека прифаќа, рекоа за Либертас од тимот на популарниот пејачт.