Макрадули: Саниран инцидентот во „Охис“, не постои никаква опасност

Од:

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска преку својот „Фејсбук“ профил информираше дека инцидентот во фабриката „Охис“ е целосно саниран и оти нема никаква опасност.

– По вчерашните случувања во кругот на „Охис“, денес повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабораторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето. Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции, напиша Макрадули на „Фејсбук“.

Додава дека откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение.

– Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерењата од страна на Лабораторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот, пишува Макрадули.

Инцидентот беше пријавен вчера од страна на граѓани кои почувствувале непријатна миризба, печење на очите и главоболки. На терен беа излезени сите надлежни институции и според информациите од Државниот инспекторат за животна средина целата излеана течност беше собрана уште во текот на вчерашниот ден. Информациите од надлежните институции беа дека е истечена вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер. При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

A1on

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата