Досегашниот претседател на МКФ, Даниел Димевски е реизбран на истата функција.
На денешното Изборно Собрание во хотелот „Александар Палас“, Димевски ги доби сите гласови на делегатите, и со тоа тој по трет пат ќе застане на Федерацијата.
Тој на присутните им ја презентираше програмата за следните пет години, со задоволство и гордост за сработеното досега, верувајќи дека трендот ќе продолжи во македонската кошарка, како на репрезентативен план, така и на клупски план.