МЗТ Скопје Аеродром во сабота од 19:00 ч. ќе го игра својот последен натпревар на домашен терен во АБА лигата против белградски Партизан, во рамките од претпоследното 25. коло.
Според најавите се очекува максимално да биде исполнета Арената СЦ “Борис Трајковски” во Скопје, огромна заинтересираност на љубителите на кошарката за овој меч.
Според информациите како што дознаваат српските медиуми од извори блиски до навивачите на “црно-белите”, група од десетина Грци (како што се наведува навивачи на солунски ПАОК – т.н. “Гејт 4”) ќе бидат заедно на трибините со “Гробарите”.