Иранско официјално лице за заштита на човекови права на државна телевизија ја опиша хомосексуалноста како болест.
„Во нашето општество, хомесексуалноста се гледа како болест“, вели Мохамед Џавад Лариџани, генерален секретар на иранскиот совет за човекови права, судско тело одговорно за одбрана на исламската република против обвинувања за прекршување на правата.
Лариџани го даде овој став откако Ахмед Шахид, поранешен малдивиски министер за надворешни работи кому му беше назначена истрага на човековите права во Иран од Обединетите Нации, го објави неговиот последен извештај во кој се предупредува за проширување и систематизирање на насилството во земјата.
„Промовирањето на хомосексуалност е нелегална и ние имаме цврсти закони против тоа. Ние хомосексуалноста ја сметаме за болест која не може да се излечи. Не прифаќаме ниту тепање или малтретирање на хомосексуалци“, рекол Лариџани, според изнесените цитати на конзервативниот новински веб-сајт, „Кабаронлајн“.
Но, хомосексуалноста е казнива со смрт во Иран, според одлуки донесени од иранското свештенство.
„Тоа (хомосексуалноста) се смета за норма во Западот и тие не присилуваат да ја прифатиме. Ние сме цврсто против тоа.“ вели Лариџани.
Хомосексуалноста беше тргната од квалификациите на болести и поврзани здравствени проблеми во 1990-та година од Светската Здравствена Организација. Имено, околу 76 земји во светот се уште имаат банирано хомосексуалност, вклучувајќи 46 земји од Државната заедница на нации, кои моментално ја имаат криминализирано хомосексуалноста според закони од времето на британската колонијална ера.
Јасна Атанасова