Белгијците во полн состав во Скопје

Од:

Белгискиот селектор, Марк Вилмотс ги повика сите ѕвезди на на нивната репрезентација, вклучувајќи го и Венсент Компани кој паузираше поради повреда, на квалификациониот двобој во Скопје на 22-ри март, и во Брисел на 26-ти март.

Во белгискиот тим најмногу играчи настапуваат во Англија (Фелаини, Вертонген Компани, Лукаку, Миралес, Бентеке, Мињоле, Азар), додека само двајца се од домашното првенство.

„Не чекаат два тешки натпревари против Македонија која никако не смее, и не може да се потцени како противник. Добро знаеме дека во Скопје не чека зовриена атмосфера бидејќи, Македонците направија добри резултати изминатиов период. Но, сигурно добро ќе се подготвиме и верувам дека ќе продолжиме со добрите игри во овие квалификации“- изјави селекторот Вилмотс.

Еве го и конечниот состав на Белгија.

Голмани: Куртуа (Атлетико Мадрид), Жил (Торино), Мињоле (Сандерленд).

Одбрана: Алдервирелд (Ајакс), Циман (Стандард), Компани (Манчестер сити), Ломбартс (Зенит), Покоњоли (Хановер), Ван Бајтен (Баерн Минхен), Вермален (Арсенал), Вертонген (Тотенхем).

Среден ред: Чадли (Твенте), Дефур (Порто), Дембеле (Тотенхем), Фелаини (Евертон), Симонс (Нирнберг), Витсел (Зенит).

Напад: Бентеке (Астон Вила), Де Бруин (Вердер), Азар (Челси), Лукаку (ВБА), Мартенс (ПСВ), Миралас (Евертон), Восен (Генк).

Би можело да ве интересира

Винисиус планирал забава за 100 луѓе, на сите им ветил Ролекси

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Враќањето на Балотели во Серија А – прашање на денови

Предраг Петровиќ

Навивачите му го свртеа грбот на Клоп: „Дали си луд?“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу фудбалерите на натпревар во Србија, десет црвени картони

Предраг Петровиќ

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0