Партизан претпазлив пред дуелот со МЗТ

Од:

Кошаркарите на Партизан во сабота му гостуваат на нашиот шампион, МЗТ Скопје во 25-то коло од АБА лигата.

Тренерот на „црно-белите“, Душко Вујошевиќ најголемиот дел од прес-конференцијата, ја посвети на одлуката за домаќин на фајнл-фор турнирот да биде Игокеа, но сепак говореше и за престојниот меч со МЗТ.

„Се приблжува крајот на лигашкиот дел од сезоната. Сеуште не е јасно кои клубови ќе бидат на фајнл-форот и сите натпревари се од голема важност. Мечевите во последните две кола ќе го дадат одговорот на оваа загатка“- изјави Вујошевиќ со пофалба за нашата екипа.

„МЗТ е добра, искусна екипа со одличен тренер. Имаат добри шутери, скокачи и се агресивни во одбрана. Доколку постои само еден добар играч кај нив, би ни било навистина лесно. Верувам дека против нас ќе го дадат максимумот, бидејќи сите се мотивирани во натпреварите со Партизан. Ние во последно време ја кренавме формата и очекувам тоа да го покажеме во Скопје“ – заклучи српскиот стручњак.

Дуелот во Скопје го коментираше и играчот на Партизан, Немања Гордиќ.

„Гостувањето во Скопје е едно од најтешките во Јадранската лига. МЗТ има добар и искусен состав, и на домашен терен има одлични партии. Знаеме дека тие ќе имаат голем мотив, но ќе имаме и ние, бидејќи сакаме да ја продолжиме победничката серија, како натпреварите со Цедевита и Игокеа“- изјави Гордиќ.

Мечот е на распоредот во сабота во 19:00 часот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ