Вчера во театарот „Комедија“ беше одржана премиерата на првиот мјузикл во театарот, „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска.
„Низ бајковидна утопија за доаѓањето на Боливуд во нашиот регион, ние се обидовме да раскажеме приказна за сите нас и за она за што сме способни, ако можеме да добиеме подобра иднина.
Авторката Маја Пелевич создава современа мјузикл комедија, која преку сонгови и комични ситуации посочува на проблемите во нашите транзициони пост – комунистички општества.
ОВОЈ НАШ БОЛИВУДСКИ МЈУЗИКЛ ГРАДИ СВОЈА КАБАРЕТСКИ – БОЛИВУДКА ФОРМА, КОЈА ДОПИРА ДО НАШИТЕ БЛИСКИ КОЛЕКТИВНИ МЕМОРИИ. Создадовме претстава, мјузикл која по својот израз оди на работ помеѓу Брехт, Боб Фосе и Мејерхољд“, велат од театар „Комедија“.