(ВИДЕО) Бочварски е изваден од контекст, патот Кичево -Охрид е промашен

Од:

Патот Кичево – Охрид е промашен, а изјавата на Благој Бочварски дека патот не бил промашен е извадена од контекст, објасни Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта во интервју за „Макфакс“. Ниту тој ниту Бочварски не манипулирале со јавноста која две години верува дека патот е промашен и поради тоа изградбата ќе чини двојно поскапо.

Директорот Китанов тврдењето дека трасата е погрешна го поткрепи со извештај на надзорот од 2014 година во кој е наведено дека е неопходно препроектирање.

„Ова е извадено од контекст. Јас го гледав тоа интервју и не е така. Кај нас, во Македонија, има убави поговорки. Има една што вели ‘ако баклавата е изедена тепсијата стои’. Извештај на надзорот од 2014 година, меѓу другото вели ‘констатирана е потреба од дополнително препроектирање на тунелот со цел исполнување на европските стандарди во оваа материја’“, вели директорот Китанов за „Макфакс“.

Во геотехничкиот елаборат авторот, Китанов вели, нагласил дека трасата на геофизичките истражни работи не се поклопува со трасата на идниот тунел.

„Ова значи дека овде треба да биде тунелот, а ти таму копаш да видиш какво е земјиштето и податоците од таму немаат врска со ова тука“, рече директорот Китанов.

Целото интервју ќе биде објавено на „Макфакс“ в петок.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево да биде пуштен до почетокот на следната летна сезона очекува министерот Николоски

Со нов закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево-Охрид, најави Николоски

Автопатот Кичево-Охрид да биде готов до 2026 година, новата власт ветува откочување на работите

Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта

Катерина Ѓуровски

Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на Јавното претпријатие за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура