Oбвинетата девојка за убиениот Пино на 15 ноември седнува на обвинителна клупа

Од:

Ангела Ѓорѓиевска, обвинетата за убиството Пино Секондо на 15 ноември како соучесничка во неговото убиство, ќе седне на обвинителна клупа, потврдија од кривичниот суд за „А1он“.

Осомничениот за убиството, Али Фуркан се’ уште е во бегство и е недостапен за органите на прогонот. Обвинител во предметот е Лидија Раичевиќ.

Според обвинението, кобната вечер Ангела го намамила Пино да дојде во населбата Ѓорче Петров. Кога Пино пристигнал, таму бил осомничениот за убиството, Али Фуркан кој носел пушка.

Фуркан го оставил возилото „Опел“ и со „Шкодата“ на Пино се упатиле преку обиколницата до Арачиново.

Возел Али Фуркан, а девојката седела на совозачкото место. Пино бил на задното седиште. Во Арачиново застанале во нива и првин се карале по што се степале. Во еден момент Фуркан со пушката го застрелал во главата Пино.

Ангела е обвинета како соучесничка во убиството.

Би можело да ве интересира

Апелација и намали три години од казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов