Ѓоковиќ и Федерер ќе бидат во иста група на завршниот Мастерс

Од:

Од 10 до 17 ноември во „О2 арената“ во Лондон ќе се одржи завршниот Мастерс турнир на кој ќе настапат осумте најдобри тенисери на светот, а со денешната ждрепка, беше одредено Роџер Федерер да се најде во група со Новак Ѓоковиќ.

Во моментов, лидер на АТП листата е Рафаел Надал, а вториот Ѓоковиќ и третиот Федерер, ќе мора да играат еден против друг уште во групната фаза. Во нивната група ќе бидат и Доминик Тим и Матео Беретини.

Другата група ја предводи Надал, а ривали ќе му бидат Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александер Зверев. Завршниот Мастерс ќе пресуди и кој тенисер ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата. На Ѓоковиќ му треба минимум финале, а Надал да не стигне дотаму.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ