Германија жали поради американското повлекување од Парискиот договор

Од:

Германија денеска соопшти дека одлуката на американската администрација да се повлече од Парискиот климатски договор е „за жалење“, но не е изненадувачка.

Германската министерка за животна средина Свенија Шулц изјави дека САД објавија план за повлекување од Парискиот договор уште пред две години и оти „за среќа останаа единствени кои така постапија“.

Таа истакна дека иако постои страв нема да се случи „домино ефектот“ и други земји да се повлечат од Парискиот договор.

– Другиот дел од светот е единствен за заштита на климата, истакна Шулц, при тоа додавајќи дека Русија, која е извозник на фосилни горива, неодамна се придружи на Парискиот договор.

Околу 200 држави го потпишаа Парискиот договор за климата за одржување на глобалното затоплување за помалку од два Целсиусови степени до крајот на векот, а секоја земја си постави цели за намалување на емисиите на штетни гасови, што доведуваат до климатски промени.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници