ВИДЕО: Американка и нејзините четири деца запалени во автомобил во Мексико

Од:

Американска државјанка и нејзините четири деца обиени се во напад со огнено оружје во пограничната мексиканска држава Сонора, каде што живееле, соопштија нивните роднини.

Еден од роднините на семејството, кој побарал да остане анонимен, рече дека го го пронашол опожарено возилото и изрешетано од куршуми, а внатре биле телата на сопругата на неговиот роднина и нивните четири деца.

Тој за нападот го обвини нарко картелот, велејќи дека видел десетина тешко вооружени вооружени лица во близина на запаленото возило.

Џулијан ЛеБарон, друг роднина на убиената, на Фејсбук напиша дека станува збор за Ронита Марија ЛеБарон, која била убиена со своите шестмесечни близнаци и двете други деца, на возраст од осум и 10 години.

Во други две возила имало уште две жени и 13 деца, но засега нема информации што се случило со нив.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија