Во кошаркарскиот Еврокуп познати се четирите екипи кои ќе играат во полуфиналната фаза. Двата шпански тима Валенсија и Билбао Баскет, рускиот Локомотив Кубан и Будивелник Киев ќе се борат за место во големото финале.
Ова е исходот по вчерашните три реванш-четвртфинални натпревари во кои беа постигнати следниве резултати: Уникс Казан – Валенсија 71:68 (70:80 прв натпревар), Локомотив Кубан – Будуќност 90:65 (72:54) и Будивелник Киев – Спартак Санкт Петерсбург 73:56 (72:83).
Во вторникот Билбао Баскет – Ратиофарм Улм 101:78 (81:85).
Двојките за полуфиналните натревари закажани за 20 и 26,27 март се: Билбао Баскет – Будивелник Киев и Локомотив Кубан – Валенсија.
Финалето ќе се игра на 13 април во Шарлроа, Белгија.