Пожар во авионот со кој патуваше јапонскиот премиер Абе

Од:

Во владиниот авион на Јапонија, со кој јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска отпатува во Тајланд, избувна пожар кој е изгаснат за кратко време, соопштија властите.

Пожарот го зафатил задниот дел на авионот „Боинг 777-300 ЕР“, додека членовите на екипажот ја подготвувале храната за време на летот и веднаш го изгасиле, пренесува јапонската агенција Кјодо.

Како што е наведено, никој не е повреден и не бил променет планот на летот.

Овој авион во април го замени „Боинг 747“ што до тогаш го користеше Владата на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови