„Скопје Сити Мол“ ќе биде отворен наесен

Од:

Наесен се очекува отворањето на современиот трговски центар „Скопје Сити Мол“. Во тек се завршните работи на објектот, кој според сите светски стандарди во градежната индустрија, претставува максимално енергетски ефикасен објект.

Објектот вреден 70 милиони евра ќе биде со површина од 90.000 метри квадратни и ќе располага со повеќе од 40 реномирани брендови кои за првпат ќе бидат застапени на македонскиот пазар.

Со отворањето на „Скопје Сити Мол“ се очекува вработување на околу 2.000 луѓе. Најголем дел закупци на деловен простор, од вкупно 150, како и самиот инвеститор, веќе започнале со објавување на првите огласи за вработување.

Трговскиот центар има и капацитет од 1.300 места за паркинг, како и посебна патека за велосипеди и пешаци.

Мултиплекс-кино, со 9 сали и 3Д-технологија, хипермаркетот „Керфор”, салата за куглање, со комплетен концепт за семејна забава и дружење, модните светски брендови,  како и дополнителните услуги, кои се дел од богатата понуда на „Скопје Сити Мол“, ќе го поместат центарот на друштвените случувања во градот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он