ЛДП: Жените се рамноправни со мажите во секое поле па и во политиката

Од:

„Жените се рамноправни со мажите во секое поле па и во политиката“ – ова е главниот заклучок на Женската академија за политичко лидерство на Форумот на жени на ЛДП која се одржува викендов во Маврово.

„Самиот факт дека на последните парламентарни избори ЛДП имаше повеќе кандидати жени одошто мажи, како и повеќе жени претставнички во Собранието и скоро 50% советнички во советите на локалните самоуправи покажува дека како партија работиме на родовата еднаквост и ги негуваме европските вредности“ вели Јулиана Николова, потпретседателка на ЛДП.

Од партијата потенцираат дека жените треба активно да се вклучат во политиките и да ги развиваат либералните вредности.

„Учеството на жените во политиката е од клучно значење за унапредување и развој на демократијата во општеството, а едукацијата е најдобар начин за јакнење на капацитетите, охрабрување и мотивирање за учество во политичките процеси“ додаде Николова.

Женската академија беше поддржана од Фондацијата Фридрих Науман и Националниот демократски институт кои се постојани партнери на ЛДП.

Дваесетте учеснички тимски работеа на тема „Јавна презентација и комуникација”, интерактивно учеа за јавно говорење, односи со јавност и медиуми, креирање и адресирање пораки и тимска работа.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство