Црвенковски: За толкуте гревови на власта, ни на Прочка нема да може да им биде простено

Од:

На митингот на „Сојузот за иднината“ во Гевгелија говореше и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

„Вие докажавте дека македонскиот народ е горд и храбар народ, дека не може со сила да го владее, може многу да истрпи, но не може со сила да го владее. Се разбуди слободарскиот дух за да се влзе во битка и да се победи ова зло. Отпорот продолжува, одиме до крај, до конечна победа. Овие преродбенички седум години се време-невреме“, рече Црвенковски.

Или брзо ќе се изврши пресврт, или ќе ја поминеме црвената линија, преку која враќање нема, рече Црвенковски.

Мора да се промени генералниот курс, тоа посочи треба сите да го направиме и тоа прво на локалните па на предвремените парламентарни избори.

Во Гевгелија со Саве Марачков, посочи лидерот на СДСМ, се оди на сигурна победа. Тој е вистински избор за доброто на Гевгелија.На 24. Март имаме шанса да им наплатите за 7-те години притисоци, малтретирања, полициски казни без основ, за сите списоци за гласање, рече Црвенковски.

„7 години безобразно лажат. Сите критички телевизии и весници ги затворија, а владините медиуми ги направија пералници на пари. Во однос на слобода на медиуми не ставија во редот на африкански земји. Да им наплатиме за активираните сметки, заради цените кои секој ден растат, заради огромните кредити кои ги направија а на наш грб ги оставија. Да им наплатиме за сиот рекет кој од стопанството го одзедоа. Со сила не делат на наши и ваши, на патриоти и предавници на антички и словенски маедонци. Седум години ни продаваат лажен патриотизам. На 24. март мора да платат за убиството на Мартин Нешковски, за апсењето на Љубе Бошкоски, за театарот од Законот за бранители. Ни во недела на Прочка нема да може да им биде простено“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“