Шекеринска: Пред Самитот во Лондон ќе биде познато кој ќе биде наш амбасадор во НАТО

Од:

За избор на амбасадор во НАТО во тек се разговори и консултации меѓу Министерството за надворешни работи, Кабинетот на претседателот и Владата. Според процедурата прво треба да помине на седница на Влада, а потоа се испраќа како предлог до претседателот на државата, информираше денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска негирајќи дека е утврдено дека за тоа место да биде Дане Талевски или пак некое друго име.

-Очекувам дека нашиот амбасадор во НАТО и нашиот воен претставник во Алијансата, многу бргу ќе бидат познати за да можат да присуствуваат на важните настани кои ќе и дадат на државата да стане членка на НАТО. Целта ни е пред Самитот во Лондон овие прашања дома да ги завршиме, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина