Факултетот за драмски уметности одбележува 50 години

Од:

Факултетот за драмски уметности во Скопје вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одбележи 50 години постоење. За јубилејот е подготвен перформансот „Живот за еден сон“ на кореографката и професорка на ФДУ Невзати Кренаре, со што воедно ќе почнат и 28-те интернационални студентски средби „Скомрахи 2019“.

Средбите ќе траат до 5 ноември и, како што најавија организаторите, ќе имаат богата програма – пет претстави и триесет филмови на студенти од Скопје, Сараево, Приштина, Љубљана, Софија, Загреб и Звечан.

Факултетот за драмски уметноти почнал со работа на 4 ноември 1969 кога бил основан Одделот за глума при Вишото музичко училиште во Скопје, кое во 1979 прераснало во Факултет за музика и драмски уметности, со два оддела – факултет за музика и факултет за драмски уметности. Како независна академска институција во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факултетот за драмски уметности функционира од 1987 година.

На ФДУ може да се студира на одделите за продукција, режија, камера, драматургија, монтажа и актерска игра.

Би можело да ве интересира

„Тетовирани импресии“ – ФДУ го чествува творештвото на Горан Стефановски

Ана Ололовска

Јавен перформанс „Изгубени модернистички утопии?“

Промоција на книгата „ТВ БОКС“ на режисерот Златко Славенски

Ана Ололовска

Студентските средби „Скомрахи 2019“ од утревечер на ФДУ

Ана Ололовска

Проекција на дипломски филмови на студентите од ФДУ

Ана Ололовска

Комеморација за режисерот Златко Славенски на ФДУ

Ана Ололовска