ВМРО-ДПМНЕ: Китев заборавил на штетата која Црвенковски и СДСМ му ја нанесоа на Кавадарци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кавадарци Бетијан Китев заборавил на штетата која Бранко Црвенковски и СДСМ му ја нанесоа на Кавадарци додека беа на власт. Во време на СДСМ, како што се наведува, во Кавадарци беа затворени најголемите фабрики како што се Тиквеш Транс, фабриката за преработка на дрво и иверка Страшо Пинџур, ликвидација на фабриката Таска, фабриката Дафинка, фабриките МИК и Мепос и многу други, а земјоделците не добиваа ниту денар субвенции.

Ова беше штетата која најдобро ја почувствуваа граѓаните на Кавадарци, а која директно влијаеше на младите поколенија за кои повеќе немаше никаква иднина во Кавадарци. ВМРО-ДПМНЕ за потребите на земјоделците од Кавадарци додели субвенции како никогаш досега во историјата на Република Македонија и активно помага во отварање на нови откупни центри за грозјето. Исто така во Кавадарци почна со работа гигантот Дрекслер Мајер, фабрика за производство на автомобилски делови која планира да вработи вкупно 4.000 луѓе, стои во соопштението.

Истовремено, како што се истакнува, оваа инвестиција отвора нова надеж за младите поколенија на кои ќе им овозможи работно место во својот роден град. Денес партиципацијата за високообразовните институции благодарение на ВМРО-ДПМНЕ изнесува од 200 до 400 евра, што е драстично намалена за разлика кога СДСМ беше на власт. Се отворија и дисперзирани студии на повеќето факултети кои им овозможуваат на младите да студираат во сопствениот град.

ВМРО-ДПМНЕ одсекогаш се насочувало кон подобра едукација на младите, нивно правилно развивање и создавање на услови за нивно вработување, така ќе продолжиме и понатаму бидејќи свесни сме дека младите се иднината на оваа земја, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618