Турција предала 18 мажи за кои се верува дека се сириски војници, а кои на почетокот на неделата биле заробени на североистокот од Сирија, во непосредна близина на границата со Турција, соопшти денеска труското Министерство за одбрана, не прецизирајќи на кого му ги предале.
Министерството само наведе дека акцијата била спроведена во координација со властите на Руската Федерација, пренесоа британските медиуми.
Овој потег на турските власти се прави во пресрет на почетокот на работата на заедничките руско-турски патроли долж турсско-сириската граница.