Митровски понуди нови проекти за општината Ѓорче Петров

Од:

Градоначалникот на Ѓорче Петров и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината Сокол Митровски денеска на прес-конференција посочи на проектите што се планирани да бидат реализирани во следниот мандат.

Во наредниот мандат ќе изградиме нова градинка во Дексион, ново училиште во населбата Хром, нова улица долга 1.200 метри со целосна пропратна инфраструктура во Стопански Двор, рече Митровски.

Заедно со градот Скопје, рече тој, ќе изградиме нови кружни текови на улиците Ѓорче Петров и Македонска војска и на крстосницата кај Порта Влае.

Во соработка со Градот ќе се реализра продолжувањето на булеварот „Партизански одреди“ до улицата „4-ти Јули“, а ќе се спроведе и асфалтирање на 30 нови улици кои се планирани за реализација во новиот мандат. Ќе се изгради нова рекреативната патека покрај Вардар од Сарај до Влае. Во Кучково и Орман ќе се реализира изградба на велосипедска и мото – крос стаза, изјави Митровски.

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров потсети на повеќе проекти што веќе се реализирани во општината, како уредување на паркот, изградба на канализација во руралниот дел на општината, изградени се повеќе од 40 километри нова водоводна мрежа, асфалтирани се голем број улици во општината, изградени се 18 детски игралишта и 16 повеќенаменски игралишта…

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618