(ВИДЕО) Заев ја промовираше изборнатапрограма пред борците и пензионерите

Од:

Кандидатот за трет градоначалнички мандат на општина Струмица Зоран Заев со дел од кандидатите за советничката листа денеска се сретнаа со членовите на здружението на борците од НОБ и со здружението на пензионери од Струмица. Разговараа на актуелни теми, за проблемите со кои се соочуваат овие здруженија и како тие да се надминат. Заев ја промовираше и изборната програма за следните четири години, но и потсети на сработеното во изминатите осум години.

Разговаравме за заедничката соработка со која се гордееме и како општина, како администрација и понатаму остануваме силни почитувачи и поддржувачи на вредностите од НОБ.

Се сретнавме и со членовите на здружението на пензионери, едно од најсилните здруженија во Македонија, гордо го кажувам тоа заради тоа што навистина взаемно спроведовме многу активности во овие осум години позади нас. Имавме можност овде да ја претставиме нашата изборна програма која задира токму во нивните програмски интереси кои ги имаат како здружение, во делот на конкретизацијата на роковите кога ќе ги завршиме актвностите што ги очекува Струмица, а посебно пензионерите. Зорувавме за старечкиот дом кој веќе се прави на локацијата во касарната, за триесетте гарсоњери кои треба да се доградат зад пензионерскиот дом за кој општината донесе детален урбанистички план и веднаш штом во министерството за финансии ќе ја завршат трансформацијата ќе можат да добијат одобрение од општината и ќе можат да сметаат на финансиска поддршка за таа работа.

Апсолутно секогаш по нивна сугестија го подобруваме амбиентот на живеење од кој најголеми ползувачи се нашите пензионери и во иднина очекуваме дека заедно ќе продолжиме во градењето на на подобра и поперспективна Струмица од таа што е денеска, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука