ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја доби програмата на Диневски

Од:

По редицата обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека „Сојузот за иднината“ нема програма или дека препишана, денес таа и лично им беше доставена и имаа можност да ја разгледаат. Како што велат од „Сојузот за иднината“, програмата содржи проекти многу позначајни и поостварливи од оние што сегашната локална самоуправа ги ветила и не успеала да ги исполни.

Програмата во штабот на ВМРО-ДПМНЕ ја достави Горан Милевски, досегашен советник во Советот на Општина Битола од редовите на ЛДП.

„Најдобронамерно сакаме да го соочиме со реалноста, затоа денес ќе му ја доставиме програмата во неговиот скапо платен изнајмен штаб на Широк Сокак; нашата програма, која граѓаните ја имаат веќе во цела Битола“, изјави Милевски обраќајќи се до градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“