Ѓорѓиевски: Економскиот развој ни е главен приоритет

Од:

Кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска ги посети Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Центарот за социјални работи и фирма која што се занимава со производство на чевли.

Ѓорѓиевски нагласи дека треба постоечки индустриски капацитети да се засилат и развијат, да се бараат нови инвеститори и на тој начин да се намали невработеноста во Куманово.
Економскиот развој на Куманово ќе ни биде еден од главните приоритети. Покрај тоа што сме заинтересирани за барање на инвеститори за технолошко-развојната зона, која многу ќе значи за овој град. Потребно е проширување, зајакнување, подобар пласман. Во тој правец сите фирми кои значат нешто се на листа на оние на кои ќе им посветиме посебно внимание. Разговаравме за нивните проблеми, кои ги имаат и каде ние како локална самоуправа можеме да им излеземе во пресрет. Изготвен е предлог – закон во кој сите ќе можат да се најдат за развивање на малите и средни претпријатија во големи фирми – изјави Ѓорѓиевски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата