Мики Маус од јуни повторно на малите екрани

Од:

Цртаните филмови за Мики Маус се враќаат на малите екрани откако компанијата  Дизни одлучи повторно да оживее еден од најпопуларните цртани ликови.

На каналот Дизни, како и на интернет сајтот на таа компанија, на 28 јуни ќе почне да се прикажуваат 19 нови епизоди од тој цртан филм.

На сајтот disney.com е поставен краток цртан филм каде Мики и Мини работат во париско кафуле, а им недостасуваат кроасани. Ликовите во цртаниот филм зборуваат на француски.

Извршниот директор на компанијата Волт Дизни, Боб Игер изјави денеска за телевизија Си-Ен-Би-Си (СНБС) дека во новите епизоди Мики им се враќа некои невини и палави квалитети, кои можеби со текот на времето ги изгубил.

Мики Маус е „роден“ 1928 година, а патувал во Њујок, Санта Моника, Пекинг, Токио, Венеција и на Алпите.

Во новите епизоди, друштво ќе му прават Мини, Пајо паторот и Пата, Шиљо и Плутон.

Би можело да ве интересира

Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Жарко Настоски

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

Том и Џери го слават 80. роденден

Ана Ололовска

Почина авторот на „Пинки и Мозокот“ и „Аниманијаци“

Ана Ололовска

Украинска НВО: „Маша и Медо“ ја загрозува безбедноста на Украина

Ана Ололовска