ВИДЕО: Уставен одолговлекува со одлуката за лустрација

Од:

Уставниот суд одлучи да одржи подготвителна расправа на која ќе ги повика и подносителите кои ги оспорија одредбите на законот кои дозволуваат објавување на имиња на поранешни соработници со тајните служби без судски налог, единствено со одлука на комисијата за лустрација.

Мнозинството го одби предлогот на претседателот на уставен суд, Бранко Наумовски да се донесе времена забрана за одредбите кои се оспорени, но мнозинството не го прифати предлогот.

Надлежнaта судијка Наташа Габер-Дамјановска изјави дека поради здравствени и лични причини доцни доставувањето на предметот до претседателот на судот иако тоа требало да се случи одамна.

Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права и пензионираниот адвокат Стамен Филипов во септември минатата година поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на 13 одредби од Закон за лустрација, донесен во јуни минатата година.

Досега два пати паѓаше дел од Законот за лустрација, а по укинувањето на 12 одредби од стариот закон од страна на Уставниот суд, беше донесен нов.

Од Хелсиншкиот комитет коментираат дека со назначувањето на нови членови на уставниот суд, тој веќе не може да донесе праведна улога.

„Зачудувачки е на судија на Уставен суд да му треба подготвителна седница, дали пресумпцијата на невиност е уставна категорија, дали постепеноста е уставна категорија, ако тоа му треба на Уставен суд експерти да му објаснуваат, секоја чест на нашите уставни судии“, коментираше Чедо Дамјановски од Комисијата за лустрација.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска