Германската полиција спроведе голема акција против салафисти

Од:

Неколку стотици германски полицајци денеска во неколку покраини спроведоа акција против радикалните исламистички салафисти со цел заплена на материјали и документи во сите исламистички организации, кои државата ги забрани.

– Салафизмот, како што го претставуваат групите кои ги забранивме, не е во согласност со нашиот демократски поредок. Забранетите групи се стремат кон агресивно-борбена форма на промени на нашето општество, при што демократијата треба да биде заменета со салафизам, а правната држава со шеријат, изјави сојузниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих.

Денешната акција на полицијата во Северна Рајна Вестфалија, Хесен и други покраини, треба да помогне за укинување на структурите на забранетите организации, како салафистичката група ДаваФФМ, пренесува Танјуг, повикувајќи се на германски медиуми.

Според податоците на надлежните безбедносни служби, во Германија се зголемува бројот на салафисти и во 2011 година тие броеле околу 3.800, а сега 4.500 лица.

Салфисти е име што денеска најчесто се користи и за вахабистите, како во Саудиска Арабија, така и во останатите земји. Спроед експертите оваа исламска фундаменталистичка група многу често ангажира и терористи самоубијци.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија