Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Две години крадоначалник Шилегов, две години назадување, криминал и измами

Од:

„Петре Шилегов нема никаков отчет за сработеното, тоа е од едноставна причина бидејќи над 90 проценти од ветувањата не му се исполнети.

Поминуваат полни две години, а Шилегов се крие да даде отчет бидејќи освен криминал и измами нема направено ништо за скопјани“, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„За време на Шилегов Скопје стана неславен рекордер во светот по загадениот воздух. 2.000 луѓе годишно умираат поради загадувањето.

Нема ниту еден проект кој Шилегов го планираше, проектираше и отпочна со реализација. Додека реконструкцијата на улиците стана извор на корупција од која најплатени се струмичките компании блиски до власта.

Шилегов не прави отчет затоа што ништо не сработи.

Нема отчет зошто нема ништо од ветувањата за продолжување на Илинденска, кружен тек кај „Мавровка“, продолжување на „Словенечка“, шеталиште кај Кејот до ГТЦ наместо автопат, нов Луна Парк, но затоа имаше скапа прослава за нова автобуска кај ГТЦ и никна бетонски ѕид на кровот на ГТЦ.

Го повикуваме јавно на прес конференција да објави што вети и што несработи, да каже колку ги излажа скопјани и зошто е најнеуспешниот градоначалник на Скопје“, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат