Најмалку 18 загинати при растурање на протести во Карбала

Од:

Најмалку 18 лица загинаа во текот на растурањето на протестот во ирачкиот град Карбала, во централниот дел на земјата, соопшти Тасс, повикувајќи се на телевизијата Ал Арабија, која, пак, цитираше медицински извори.

Спордд медиумите, припадниците на полицијата употребиле огнено оружје во растурањето на протестот, организиран против корупцијата и економските проблеми во земјата.

Овие податоци за загинати не се официјално потврдени од независен извор.

Порталот Мавазин њуз, повикувајќи се на податоци на Ирачката врховна комисија за правата на човекот, вчера соопшти дека од крајот на минатата недела најмалку 82 лица се загинати во новиот бран насилства низ земјата.

Протестите во Ирак почнаа на почетокот на октомври.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак