Напаѓачи, за кои се верува дека се исламски екстремисти, убиле најмалку 19 лица во текот на викендот на северот од Буркина Фасо, јавија локалните медиуми.
Радио Омега денеска јави дека вооружени лица го нападнале селото Побе Менгао, во регионот Сахел, и убиле најмалку 16 лица. Напаѓачите по нападот украле мопеди и други возила и запалиле неколку продавници.
Локалните медиуми јавија дека во петокот и саботата уште три лица, меѓу кои и еден наставник, биле убиени во местото Роунга, во провинцијата Лорум.