Анкета: Шпанските социјалисти водат пред изборите

Од:

Шпанските социјалисти водат пред изборите кои треба да се одржат на 10 ноември, но според резултатите од истражувањето на јавното мислење, сопартијците на привремениот премиер Педро Санчез нема да обезбедат парламентарно мнозинство.

Анкетата на ГАД3, спроведена за потребите на весникот „АБЦ“ покажува дека социјалистите ќе изгубат пет места во Парламентот, но ниту една партија нема да освои мнозинство.

Социјалистите и Унидас Подемос би можеле да освојат 155 места, но на Санчез ќе му бидат потребни сепаратистите и националистите за да формира мнозинство.

Партиите од десницата, меѓу кои и крајнодесничарската Вокс, би можеле да добијат 160 места, што е за 11 повеќе отколку што добија на изборите во април.

Анкетата на ГАД3, исто така, покажа дека конзервативната Народна партија ќе освои 100 места, 34 повеќе отколку на претходните избори, додека Суидаданос ќе освои 17 места, 40 помалку од изборите во април.

Левичарската партија Унидас Подемос ќе изгуби осум пратенички места, додека новата партија Мас ќе добие три пратенички места, покажа анкетата, спроведена на 23 и 24 октомври.

Во шпанскиот Парламент има 350 пратенички места.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата