Насилните протести продолжуваат во сепаратистичкиот регион Каталонија од 14 октомври, кога Врховниот суд осуди деветмина каталонски политичари на долги затворски казни.
Стотици демонстранти од тогаш се повредени и / или приведени.
Во исто време, во саботата, десничарската партија „Вокс“ организираше митинг „за одбрана на единството на Шпанија“ во центарот на Мадрид, кој собра 20.000 луѓе.
Водачот на „Вокс“, Сантијаго Абаскал, ја повика шпанската Влада да ги забрани сепаратистичките партии на Каталонците, да ја суспендира автономијата на Каталонија и да го притвори Квим Тора, кој е претседател на Владата на Каталонија.