Норвешка ја поздрави изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Норвежанецот Фрод Берг, кој во април во Москва беше прогласен за виновен за шпионажа , „може да биде вратен дома во секој момент“.
Лавров изјавата ја даде во Норвешка, на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Црвената армија од германската контрола.
Фрод Берг е норвешки граничен инспектор, кој беше уапсен во Москва во декември 2017 година и обвинет за собирање информации за руски нуклеарни подморници за норвешка разузнавачка агенција.
Тој беше осуден на 14 години затвор во Москва, а на судењето се изјасни за невин во однос на обвиненијата.