Груевски: И татко му не го подрржува Хари Локвенец

Од:

Независно кој е задоволен или не од Марјан, важно е дека тоа што е ветено во најголем дел остварено. Гледајте ја големата слика, гледајте што се направи Марјан во овие години на власт, им порача на прилепчани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Граѓаните веруваат на програми на проекти и дела, сега од СДСМ кога видоа дека излеговме со 70 програми со конкретни рокови, видоа не видоа, седнаа за неколку дена, склопија список со желби кој сакаат да го протнат како програма. На пример во Прилеп ветуваат изградба на 500 микро акумулации, каква е ова лага, во цела Македонија има 70 акумулации, а во Прилеп ќе направеле 500 акумулации. Овој проект ќе чини од 300 до 500 милиони евра, тоа не може да се изгради со неколку буџети на градот, рече Груевски.

-Потоа ги слушам ќе го развивале зимскиот туризам ама не кажуваат како тоа ќе го направат, кои се условите тука за такво нешто. Не е исто да се прави програма заедно со народот за шест месеци како нас, и за шест дена како нив.

-Татко му на овој Локвенец го поддржува Марјан, па татко му не го поддржува, си го знае човекот син му. Бегај вика, си го знам детево какво е, изјави Груевски.

Вистина е дека СДСМ немаше програма, со самото тоа што излегоа без програма покажаа дека го потценуваат народот. Така програма за шест дена не се пишува, ние потрошивме над шест месеци, стотици луѓе, научници се беше вклучено кај нас, рече груевски.

Марјан чесно си го заработуваше лебот, си беше инспектор, си стекна авторитет и во 2005 година го избраа за градоначалник, зашто бесе чесен и имаше авторитет, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар