Шекеринска во Брисел на состаноци на Северноатлантскиот совет

Од:

Министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, пред министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата, ќе го изнесе ставот на Северна Македонија во однос на мисиите и операциите на Алијансата, справувањето и градењето отпорност против хибридните закани и за зголеменото буџетирање на одбраната.

На состаноците на Северноатлантскиот совет, министерката Шекерниска ќе ја реафирмира поддршката која ја дава нашата земја во мисијата „Одлучна поддршка“, преку долгогодишното учество на припадниците на Армијата во сите досегашни мисии на Алијансата во Авганистан.

По потпишувањето на пристапниот протокол, Северна Македонија активно учествува на сите состаноци на Алијансата, а по завршување на ратификациониот период, нашата земја како полноправна членка ќе има и право на глас.

Ова е трето учество на министерката Шекеринска на состаноците во Алијансата на највисоко ниво, што покажува дека нашата земја функционира како член на НАТО.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он