Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Тирана, Еуген Волфарт изјави дека не можно да се спроведе предлогот на албанскиот премиер Сали Бериша, за промена на старосната граница за право на глас, јави дописникот на МИА од Тирана.
Според него за реализација на овој прелог нема доволно време за са се направат измени.
За овие избори нема време. Многу значајна е стабилната ситуација пред изборите. Не може да се напарват вакви измени пред избори. Тоа може да биде можност за во иднина, за изборите 2017 година, истакна Волфарт.
Првиот човек на Мисисјата на ОБСЕ во Тирана, овие коментари ги даде на тркалезната маса „Граѓански парламент 2011“ од каде тој упати апел до политичките партии вниманието да го насочат кон своите програми и изборот на кандидатри за изборите.
Албанскиот премиер и лидер на владејачките демократи, вчера на средба со парламентарната група на партијата, предложил да се разгледа можноста на претстојните парламентарни избори да може да гласаат лица со наполнети 16 години.
Ќе побарам официјално од опозицијата да се разгледа можноста младите наместо на 18 години, да можат да гласаат на парламентарните избори оваа година од нивната 16 годишна возраст. Оваа барање е се поприсутно меѓу младите, што има основа и да се спроведе, изјави Бериша.
Тој додаде дека ако се постигне договор со најголемата опозициска Социјалистичка партија, тогаш на претстојните парламентарни избори во јуни годинава младите ќе можат да гласаат од нивната 16-годишна возраст.
Таквиот прелог на Бериша засега доби поддршка само од неговиот коалициски партнер, Илир Мета, претседател на партијата Движење за социјалистичка интеграција.